Брестовац: Ни требаат нови ракометари за да не влеземе во тешка дупка

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац реши и тоа како да го подмлади составот за пријателските натревари во Турција. Тој за медиумите изјави дека се надева дека младите ракометари ќе се покажат во добро светло и во иднина редовно ќе го носат дресот на сениорската репрезентација.

„Имаме добар тим. Сите напорно тренираат што е одлично, сепак проблем малата минутажа која ја имаат во клубовите. Не е тајна дека сме во проблеми и затоа сакаме да одиграме што е можно повеќе натпревари. Велко Маркоски не игра, Никола Маркоски има скршеница. Немаме замена за Маркоски и Јоноски и затоа мора да работиме на тој проблем. Се надевам дека некој од младите играчи ќе се покаже во добро светло и во иднина редовно ќе игра за А- репрезентацијата. Ако не внесеме свежа крв во екипата, тогаш Македонија ќе влезе во тешка дупка“, изјави Брестовац.

Освен тестовите во Турција, нашите репрезентативци ќе одиграат и два меча на домашен терен. Противник ќе ни биде Грузија во петок и сабота, а за овој меч ќе се приклучат и поискусните ракометари како Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .