Фудбалерите на Брентфорд го добија натпреварот против велшки Свонси, натпревар вреден 185.000.000 евра и со победата на „Вембли“ се вратија во Премиер лигата за прв пат после 74 години (2-0).
Клубот од Лондон целиот меч беше подобар ривал и заслужено го совлада Свонси, а резултатот можеше да биде и поубедлив. Освен Брентфорд, претходно промоција обезбедија и фудбалерите на Норвич и Вотфорд, додека од елитната англиска лига испаднаа Фулам, ВБА и Шефилд јунајтед.