Брајтвајт: Со свои очи го погледнав Ериксен-тој беше мртов!

Данска направи одличен резултат на Европското првенство бидејќи успеа да стигне до полуфиналето на ова натпреварување, но не беше идеално за нив во текот на шампионатот.

Данците го одиграа првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Финска, а овој натпревар ќе остане запаметен по Кристијан Ериксен.

Ериксен колабираше на теренот на крајот од првото полувреме откако доживеа срцев удар, а веднаш на сите им беше јасно дека нешто сериозно се случува. Лекарите истрчаа на теренот да му помогнат, а во преносот во живо можеше да се види како се обидуваат да го оживеат данскиот репрезентативец.

За среќа, успеаја во намерата, а десет минути подоцна, Ериксен беше префрлен во болница. Во моментов се чувствува добро, но сè уште не е јасно дали ќе ја продолжи кариерата.

За овој момент зборуваше и напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт, кој призна дека тоа е еден од моментите што сигурно ќе ја одбележи неговата кариера.

“Имаше еден момент кога го погледнав Ериксен и видов дека е мртов. Кога ќе го видите телото на лицето кое повеќе не е со нас, сè ви е јасно. Веднаш знаев дека тој е мртов и тоа го видов со свои очи”, додаде фудбалерот на Барселона.

“Веднаш почнав да се молам дека се ќе биде добро и дека ќе можат да го оживеат. Единствено што знаев дека можам да направам во тој момент беше да се помолам на Бога за него. Сите лекари се обидуваа да го оживеат и тоа е нешто што никој не би посакал да го доживее. Сè заврши добро и најважно е дека Кристијан е добро”, заврши Брајтвајт.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .