Бразил славеше во Лима – Нејмар го престигна Роналдо, тргнува и по Пеле! (ВИДЕО)

Реално да зборуваме, Нејмар да имаше друг менталитет, по професионален пристап кон фудбалот, а не само да се потпира на талентот кој несомнено го има во изобилие, ќе беше еден од најдобрите фудбалери во историјата – можеби и најдобар!

Сепак, бразилскиот мајстор во последните неколку години повеќе во центарот на вниманието е по скандалите кои ги прави, во или надвор од теренот. Да не се разбереме погрешно, има и велемајсторски потези на мечевите, голови, асистенции, но никогаш нема да биде сфатен сериозно токму поради инцидентите.

Нејмар сега беше најзаслужниот во победата над Перу во Лима од 2-4 каде постигна хет – трик (гол постигна и Ришарлисон, додека за Перу стрелаа Андре Кариљо – Ренато Тапиа) и уште еднаш докажа дека станува збор за страшен фудбалер.

Со трите погодоци фудбалерот на ПСЖ стигна до големо признание и го престигна легендарниот Роналдо на вечната листа на најдобрите стрелци во историјата на Бразил, а големи се шансите во наредните неколку години да гоо престигне и неприкосновениот Пеле!

Нејмар со трите погодоци стигна до бројката од 64 гола за државниот тим и сега има два повеќе од Роналдо, додека Пеле стигна до бројката од 77 постигнати погодоци.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .