Бразил го одбрани златото од Рио: Во финалето срушен големиот ривал!

Фудбалската репрезенатција на Бразил го одбрани златото од Олимписките игри во Рио, откако во финалето на ОИ во Токио во продлженијата ја совлада селекцијата на Шпанија 2-1 (1-1).

„Кариоките“ поведоа пред крајот на првото полувреме со голот на Куња, а претходно напаѓачот на Евертон, Ришарлисон се посрамоти откако од пенал го промаши целиот гол.

Шпанците израмнија преку Орајзабал со голот во 61. минута, по асистенцијата на Солер. Мечот продолжи во продолженијата, а олимпиското злато го донесе Малколм со голот во 108. минута.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .