„Бомба“ од Париз: ПСЖ му понуди астрономски договор на Меси!

Познатиот бразилски новинар, Марселона Бехлер активираше нова „бомба“. Новинарот на бразилскиот, угледен „TNT sports“ беше првиот кој ја објави веста за трансферот на Нејмар во ПСЖ, сега носи нова ексклузива дека францускиот првак му понудил договор на Лионел Меси.

Познато е дека на Аргентинецот на крајот на летото му истекува договорот со Барселона и веќе може да преговара со заинтересираните клубови и пред 30. јуни, а „светците“ се подготвени да му понудат договор 2+1, со огромна плата.

Бехлер тврди дека ПСЖ е главен фаворит да стигне до Меси затоа што Барса е во сериозна финансиска криза и не може да се трка со катарскиот проект од Париз.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .