„Бомба“ од Италија: Мрме нов тренер на Џенова?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски е еден од кандидатите за тренерската позиција во италијанскиот калчолигаш Џенова, тврди новинарот на угледната „Gazetta dello sport“, Алфредо Педула.

Популарниот Мрме бил една од желбите на претседателот на Џенова, Енрико Прециози, а препораката ја добил од Горан Пандев. Ако дојде до договор, Ангеловски би ја превзел Џенова по завршувањето на Европското првенство.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .