„Бомба“ од Италија: Антонио Конте си оди од Интер!

Италија е во шок после синоќешната, полноќна ексклузива на угледниот весник „Gazzetta Dello Sport“ кој тврди дека Антонио Конте по осјувањето на титулата во Серија А – го напушта Интер!

Овој влијателен италијански весник наведува дека информацијата ќе биде официјализиран во следните 48 часа и дека Конте не сакал да ги прифати барањата на „нероаѕурите“.

Имено, тој не сакал да прифати намалување на буџетот и целите на клубот за следната сезона: трансфер буџет од околу 100.000.000 евра и намалување на платата на играчите за 20 отсто.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.