„Бомба“ на „AS“: Шпанците ТВРДАТ дека Роналдо си заминува од Јуве, открија и каде ќе потпише!

Угледниот шпански весник „AS“ денеска излезе со информација околу иднината на Кристијано Роналдо. Според Шпанците, Роналдо го напушта Јувентус, а веќе започнал со преговори со паришкиот гигант ПСЖ!

Имено, раководството на „светците“ стапило во контакт со Жорге Мендеш, моќниот агент кој се грижи за кариерата на Роналдо. Овие информации идат во прилог на италијанските медиуми, кои тврдат дека новиот тренер на Јуве, Макс Алегри не го планира Португалецот во тимот за следната сезона.

Наводно, „старата дама“ е подготвена да го продаде Роналдо за сума од 30.000.000 евра, средства кои не претставуваат никакви проблеми за богатите Французи. Освен ПСЖ, за Роналдо е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.