Бомба во Узбекистан: Адебајор стигнува во Пактакор

Узбекистански Пактакор синоќа испиша историја. Пактакор стана првиот клуб на кој му успеало да освои „триплета“. По титулите во националното првенство и куп, Пактакор синоќа го освои и Лига купот.

И додека го слават овој голем успех, екслподираше најголемата трансфер бомба во узбекистанскиот фудбал. Во овој клуб стигнува, верувале или не Емануел Абедајор. Искусниот Африканец по само четири месеци, го раскина договорот со турски Кајзериспор.

Сега узбекистанските и турските медиуми тврдат дека Адебајор ја раскинал соработката, затоа што однапред имал договор со Пактакор и како слободен играч ќе стигне во овој клуб.

Единственото поголемо име кое настапувало во Узбекистан е Ривалдо, кој го носеше дресот  на Бунјодкор од 2008. до 2010. година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .