„Бомба“ во Сплит: Хајдук ангажираше играч на Бенфика, „Торцида“ во екстаза! (ВИДЕО)

Хрватскиот гигант Хајдук од Сплит како никогаш претходно сериозен на трансфер – пазарот!

По останувањето на голманот Ловре Калиниќ на позајмица од Астон вила (се откажа од 1.000.000 евра само за да остане во Сплит), потписот со словенечкиот репрезентативец Јан Млакар кој доаѓа од Брајтон и најголемото засилување Марко Ливаја, сега „билите“ го потврдија ангажманот на Филип Кровиновиќ, кој потпиша договор до 2024 година, а пристигнува од Бенфика.

Кровиновиќ на „Пољуд“ пристигнува како слободен играч, затоа што го раскина договорот со Бенфика. Наводно, според угледната „А Бола“, Кровиниќ се откажал од плата од дури 2.000.000 евра, колку што би требало да добие за последната година од договорот со лисабонскиот клуб.

„Конечно пристигнав. Многу сум среќен поради тоа, сите од првата секунда топло ме пречекаа и ви благодарам за тоа. Се радувам на тренинзите, натпреварите, примив многу пораки од навивачите на Хајдук во изминативе месеци. Имаше стварно преубави и симпатични пораки. Навистина сум среќен што моето пристигнување толку им значи на навивачите, а јас можам само да ветам дека со иста мера ќе се обидам да вратам на теренот“, изјави Кровиновиќ на претставувањето.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .