Бобан Николов пред потпис во клуб од Серија А?!

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е слободен и води преговори со клуб кој во новата сезона ќе игра во италијанската Серија А.

Играчот за врска кој има 26 години е во завршни преговори со Салернитана, пишува „Спортмедиасет“. Николов по крајот на сезоната се раздели со Лече, а најави дека за неговата иднина ќе има разврска по крајот на ЕП 2020.

Доколку дојде до трансфер, Николов ќе биде нов македонски фудбалер кој ќе игра во Серија А, трет во моментов по Ељиф Елмас и Илија Несторовски. Тука е и Горан Пандев, на кого му истече договорот со Џенова, но ако го обнови, тогаш Македонците ќе бидат побројни во калчото.

Николов во Лече пристигна од редовите на МОЛ Видеотон, а претходно со голем успех го носеше и дресот на Вардар.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.