Бобан Грнчаров е новиот тренер на ФК Вардар!

ФК Вардар беше видно оштетен од судиите изминатиот викенд и тоа предизвика револт кај раководството на клубот, но во цел тој хаос, одговорноста за лошиот резултат на гостувањето кај Гостивар ја презема тренерот.

Никола Глигоров со емотивна порака се прости од Вардар и го напушти најдоговорното место во стручниот штаб, а клубот реши довербата до крајот на сезоната да му ја предаде на уште едно познато име.

Бобан Грнчаров како поранешен капитен на тимот остави печат и беше дел од историскиот тим кој играше во групната фаза на Лига Европа, па откако веќе извесно време беше во стручниот штаб, сега ја добива тренерската улога.

– Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона.

Вардар во овој момент ја заземата третата позиција на табелата во Втората македонска фудбалска лига, а прв меч за Грнчаров како тренер ќе биде оној против Тетекс.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.