Боатенг нема да добие нов договор од Баерн

Долгогодишниот дефанзивец на минхенски Баерн, Џером Боатенг летово и дефинитивно ќе го напушти германскиот првак.

Имено, медиумите од оваа земја пренесуваат дека Баварците нема да му понудат нов договор и дека како слободен ќе го напушти клубот.

Боатенг веќе 10 години е член на Баерн, од 2011 кога дојде од Манчестер сити, а вкупно до сега одигра 354 натпревари.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .