Боатенг веќе доби две понуди

Џером Боатенг, долгогодишниот дефанзивец на минхенски Баерн, Џером Боатен си заминува од редовите на германскиот првак на крајот од сезоната, потврдија Баварците пред неколку дена.

Искусниот Боатенг нема да има премногу проблеми за да си пронајде нов клуб, а според последните информации тој веќе добил две понуди.

Станува збор за лондонскиот Тотенхем и шпанскиот гигант Барселона. Двата тима планираат да ја засилат одбраната за наредната сезона и германскиот фудбалер им е прва опција.

Инаку, освен Баерн, Боатенг играше уште за Херта, Хамбург и за Манчестер сити.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .