Блатер сослушан во Цирих поради скандалот со Платини

Поранешниот претседател на ФИФА, Жозеф Блатер денеска беше сослушан од швајцарскиот обвинител задолжен за истрагата за уплатите на Мишел Платини и по се изгледа му доаѓа крајот на овој скандал.

Екс – претседателите на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини беа под истрага поради уплатите на ФИФА кон Платини во 2011 година во износ од 2.000.000 швајцарски франки (околу 1.850.000 евра).

После разговорот со обвинителот во Цирих, Блатер изјави дека во вторник сослушувањата за овој случај конечно ќе бидат завршени.

„Ова беше првиот дел, утре следи вториот. Разговорот помина во добар амбиент“, гласеше кратката изјава на Блатер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .