Блажевска: Кастратовиќ не си замина само поради пари

Претседателката на ракометниот клуб Металург, Зорица Блажевска ја имаше првата реакција по шокатната разделба со шефот на стручниот штаб, Зоран Кастратовиќ.

„Спогодбено ја раскинавме соработката со тренерот Кастратовиќ. Лично му се заблагодарив за досега сработеното, од мое име и од име на клубот.

Знаев за неговото размислување да си оди веќе некое време, но оставив да ја донесе одлуката сам. Покрај финансиите, како претседател бев информирана и за други причини поради кои преовлада одлуката за заминување, ги почитувам, како и одлуката за заминување, иако лично мислам дека се може да се реши со многу одлучност. 

Не е лесно да се работи во овие услови, малку средства, многу нервози, но следи период од месец-два во кој како и минатата година ќе се сервисира долгот преку ваучер системот“, вели Блажевска.

Блажевска исто така потврди дека досегашниот асистент Оливер Димитровски ќе превзеде тренерската функција во клубот.

„Металург чекор по чекор успешно се движи по патот што го зацртавме при моето назначување за Претседател, на натпреварувачки но и на финансиски план. Како што најавив и претходно, останатите 30 % отприлика 140.000 евра, од старите долгови ќе бидат раздолжени до крајот на оваа година, а при стартот на новата сезона.

Клубот спрема ниеден играч нема да има никакво долгување. Во овој момент нема да назначам нов тренер, првиот тим продолжува да работи со Оли Димитриоски, во кој имам потполна доверба, а досега беше помошник тренер на Кастратовиќ.

Најважното во овој период е сепак да го зачуваме здравјето, очекувам негативни тестови вечерва и од утре продолжуваме со работа. Веднаш штом излезат тестовите, ќе ја известам нашата Федерација и ЕХФ и продолжуваме со натпреварувањата. Нема време за жалење, пред нас е тежок корона период кој нема да не скрши, туку напротив, ќе не направи посилни“, заврши претседателката на Металург.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .