Бил и Вестрбрук ги уништија Пејсерси: Вашингтон во плејоф – оди на Филаделфија! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Вашингтон Визардс се пласираа во плејофот на источната конференција од НБА лигата откако во плејин натпреварот убедливо славеа над Индијана Пејсерс (142:115).

Иако на почетокот на сезоната поради катастрофалниот старт, Визардси беа едни од аутсајдерите за пласман во разигрувањето, сепак добрата игра во вториот дел од сезоната ги однесе во плејофот, а во првото коло ќе играат против фаворитот Филаделфија.

Бредли Бил беше прв стрелец на натпреварот со 25 поени, додека на Вестбрук му недостасуваа два скока за трипл – дабл (18 поени, осум скокови и 15 асистенции). Кај Пејсерси Брогдон имаше 24 поени, а Сабонис беше одличен со трипл – дабл од 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .