Прва победа на Сплит во Задар после 18 години: Бивш играч на МЗТ беше најзаслужен за победата!

Поранешниот европски кошаркарски првак, Сплит стигна до голема победа во јадранското дерби на гостувањето кај Задар со 72:66 што за нив беше прв победа на гостински терен кај големиот ривал по 2002 година!

Предводник на „жолтите“ беше поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Луковиќ кој одигра одличен натпревар.

Српскиот интернационалец мечот го заврши со 18 поени (4/5 за два, 2/4 за три), а имаше и пет скокови. И кај Задар имаш екс – играч на МЗТ во името на Доминик Мавра кој мечот го завшри со 10 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .