Бејл: Не се замарам со свирежите на навивачите

Герет Бејл веќе некое време е на удар на навивачите на Реал Мадрид, а се започна кога се фотографираше со знаме на кое пишува „Велс, голф, Реал Мадрид. Во тој ред“. Поради тоа се налутија навивачите на „кралевите“, а Бејл призна дека е шокиран од однесувањето на навивачите.

„Првиот пат кога ги слушнав свирежите бев шокиран. Не знаев како да се носам со нив, но сега сум позрел и знам како да се однесувам. Ми свиреа и во минатото тогаш ми беше тешко, а сега не се замарам со тоа“, рече Бејл.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .