Беше келнер, а сега ја освои ЛШ: Лудиот животен пат на Томас Тухел!

Кога Лампард го напушти кормилото на Челзи многумина беа скептици за квалитетите на Томас Тухел, но тој им одговори на најдобар можен начин освојувајки ја Лигата на Шампионите.

Томас Тухел неодамна во интервју за еден њујоршки магазин кажа дека неговиот пат не бил така розов, тој бил принуден да ја заврши својата кариера на само 24 години поради тешка повреда, па бил приморан да работи како келнер за да си обезбеди егзистенција.

Томас слободното време помеѓу смените кој ги имал во локалниот бар го користел за да заврши економски факултет и да ги положи сите лиценци за фудбалски тренер, по што му се дава шанса да ги води младите фудбалери на Штутгарт до 14 години со кои ја освојува титулата.

Потоа го превзема вториот тим на Аусбург па се промовира како бундеслигашки тренер превземајки го Мајнц со кој заврши на високото 9то место.

Тој најчесто ги користел зборовите на Мајкл Џордан за да ги мотивира своите играчи “Многу пати паѓав во животот, затоа и успеав”. Дефинитивно интересен животен пат имал Германецот кој следната сезона со „сините“ ќе атакува на сите титули.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.