Бесниот Мурињо ја „поткачи“ ѕвездата на Тотнем: „Сега мојот избор ќе биде полесен“

Лошо заврши експериментот на Жозе Мурињо во Лигата на Европа. Менаџерот на Тотнем сакаше да ги одмори првотимците, па шанса им даде на играчите кои имаат помала минутажа на гостувањето кај Антверп во Белгија каде шокантно англискиот премиерлигаш беше поразен.

Помеѓу нив беше и ѕвездата на лондонскиот клуб Деле Али кој уште на полувремето излезе од игра. Познато е дека Мурињо и Али не се во најдобри односи, а Португалецот беше лут поради лошиот настап на англискиот репрезентативец.

„Од вечерва моите идни избори ќе бидат многу лесни. Овој пораз е моја одговорност“, изјави Мурињо веднаш по натпреварот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .