Бертомеу: Во 2016 година сакавме да го донесеме Погба, но немавме доволно пари

Претседателот на Барселона, Хозе Мариа Бертомеу за медиумите призна дека сакал да го ангажира Погба. Каталонците се обиделе да го потпишат Французинот, но немале доволно пари.

Потсетуваме, во 2016 година Погба го напушти Јувентус и за тогаш рекорден трансфер од 105 милиони евра се врати во Манчестер јунајтед. Бертомеу изјави дека биле заинтересирани за фудбалерот од средниот ред.

„Во летото 2015 година, Погба играше во Торино и му кажавме на Јувентус дека ако сакаат да го продадат да не известат. Кога го продаваа, ни кажаа колку пари сакаат, а ние во тоа време неможевме да си ја дозволиме таа сума. Погба отиде во Јунајтед и сега е еден од најдобрите фудбалери во светот“, рече Бертомеу.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .