Белгија го потврди првото место, Данска ја демолираше Русија! (ВИДЕО)

Белгија ги исполни очекувањата на фудбалската јавност, дека без поголеми проблеми ќе ја освојат првата позиција во Групата „Б“. „Ѓаволите“ вечерва стигнаа до третата победа од исто толку натпревари, а вечерва во со головите на Лукаку во Санкт Петерзбург беше совладана селекцијата на Финска (2-0).

Втората позиција ја завзеде Данска која на својот „Паркен“ убедливо ја совлада Русија (4-1). Скандинавците во голем стил одиграа и после двата порази во првите две кола успеаа да се вратат во игра и да се пласираат во нокаут – фазата.

Трета завршува Финска со исто три бодови и ќе мора да го почека исходот во другите групи. На дното е Русија, интересно, со три бодови, но поради слабата гол – разлика е елиминирана од ЕВРО 2020.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.