Белгија го елиминираше европскиот првак: Роналдо „невидлив“, Азар ги носи „ѓаволите“ во четвртфинале! (ВИДЕО)

После Данска, Италија и Чешка, репрезентацијата на Белгија е новиот четвртфиналист на ЕВРО 2020, откако во осминафиналето го елиминираше европскиот првак Португалија, минимално со голот на Торган Азар во 42. минута.

Помладиот брат на далеку попознатиот Еден Азар, со погодокот стана првиот Белгиец во историјата кој постигнал погодоци на две Европски првенства. Селекторот Роберто Мартинез одлично ги постави Белгицјите кои ја искористија првата шанса и веднаш го затворија натпреварот.

Португалците беа опасни во последните десетина минути, но не успеаа да постигнат погодок, а слаб натпревар одигра и Роналдо. Белгија во четвртфиналето ќе игра ново тежок натпревар, сега против Италија која според многумина покажа најмногу во досегашниот дел на ЕВРО 2020.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .