Бекам знае кој сака да биде тренер на неговиот клуб

Поранешниот легендарен англиски репрезентативец, Дејвид Бекам е сопственик на американскиот клуб Интер Мајами, а овој клуб од идната година за прв пат во историјата ќе се натпреварува во МЛС лигата.

Интер Мајами веќе се подготвува за новиот предизвик, а Бекам веќе одлучил кој ќе биде тренерот на овој клуб. Станува збор за тренерот на Ница, Патрик Виера. Останува да видиме само дали Французинот е подготвен да си поднесе оставка во Ница и да го превземе клубот на Бекам.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .