Бајиќ: Словачка и Швајцарија се добро познати противници

Новиот селектор на кошаркарската репрезнтација на Македонија, Драган Бајиќ, ја прокоментира ждрепката во претквалификациите за СП 2023, каде Македонија ќе се судри со селекциите на Словачка и Швајцарија.

„Јасно е дека станува збор за добро познати противници, селекции кои беа во истата линија со нашата селекција во претходниот квалификациски циклус за пласман на Евробаскетот. Тоа би требало да биде некоја олеснителна околност. Она што можам да го кажам дека селекцијата на Швајцарија заслужува максимален респект за она што го направи во оние последни квалификации за ЕП. Не е мала работа да се победи една велесила како Србија дури и во еден комбиниран состав. Тоа треба да ни биде одредница како да се поставиме во августовските натпревари. Словачка го има Кајл Кјурик, еден од носителите на играта на Барселона. Да не заборавиме на Бродзијански, еден исто така одличен играч кој игра заедно со Нено Димитријевиќ во шпанскиот Хувентуд. Но сепак, тоа се само некои првични информации. Имаме време за целосни анализи на ривалите“, кажа Бајиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.