Бајиќ нов селектор на Македонија: Честа е огромна!

Кошаркарската федерација на Македонија денеска го промовираше наследникот на Александар Тодоров како селектор, а изборот падна на Драган Бајиќ, тренерот на Игокеа, кој не го криеше задоволството за укажаната доверба.

„Пред се благодарност до луѓето од федерацијата за укажаната доверба. За секој тренер е чест да биде селектор на една репрезентација, јас ја имам честа да станам селектор на Македонија. Мило ми е што луѓе како Антиќ и Гечевски, кои како играчи имале врвни тренери, сега се решија да ме изберат токму мене за нов селектор. Доаѓам со голема енергија и желба, да направам големи работи. Би сакал да останам десет години, ако тоа се случи ќе значи дека сме направиле добри резултати во овој период. Оној мој темперамент е таков да се обидам од секој играч, при тренинзите и натпреварите, да биде најдобар што може. Она што како тренер го барам, мораме сите да бидеме како семејство, да дишеме како едно, бидејќи само тоа е патот кон успехот“, истакна Бајиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .