Бартомеу вечерва нема да може да ја гледа Барса на „Камп ноу“

Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу вечерва нема да може да присуствува на „Камп ноу“ и да го проследи натпреварот помеѓу Барса и унгарскиот великан Ференцварош.

Имено, еден од членовите на потесното семејство на првиот човек на Барса бил позитивен на корона – вирус, па затоа сега Бартомеу мора да остане во изолација.

Првиот тест се покажал како негативен, но претседателот на каталонскиот великан мора да изврши уште еден тест за да може да ја напушти изолацијата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .