Барти го освои Вимблдон!

Светската тенисерка број 1, Ешли Барти денеска ја освои втората Гренд слем титула и тоа на најважниот турнир – Вимблдон, каде што за неа е прв трофеј. Австралијката во финалето беше подобра од чешката тенисерка Кристина Плишкова која беше поразена во три сета 2-1 (6-3, 6-7, 6-3).

Првиот сет помина во нејзината доминација, освојувајќи ги првите четири гема, па така без проблеми го освои првиот сет. Во вториот се случуваше вистинска драма, брејкови имаше на двете страни, додека во тај – брејкот подобро се снајде Плишкова.

Барти исто како првиот, го отвори и одлучувачкиот сет. Брзо и го одзеде сервисот на Чехињата и дојде до водство од 3-0. До крајот не дозволи брејк за конечна победа од 6-3.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .