Барселона го понижува својот фудбалер: Нема да игра додека не потпише нов договор!?

Раководството на Барселона не се однесува најдобро кон својот екстра талентиран фудбалер Илаикс Мориба. 18 –годишниот фудбалер е тргнат од првиот тим затоа што одби да ја продолжи соработката и условите кои му ги понуди каталонскиот тим, па беше префрлен во „Б“ тимот.

Меѓутоа, ниту таму нема да добие шанса за настап. Клубот одлучи Мориба да не игра ниту за вториот тим и на тој начин му испрати јасна порака дека нема да игра додека не го продолжи договорот.

Останува да видиме како ќе се движат преговорите, но јасно е дека за Мориба се заинтересирани голем број на клубови како Манчестер сити и Челси кои се подготвени да му понудат милиони и да го преселат во Премиер лигата.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.