Барса, Јуве и Реал го објавија планот за продолжување на проектот „Суперлига“

Барселона, Јувентус и Реал од Мадрид на сите им ставија до знаење дека не подлегнуваат под притисок и дека ќе продолжат со формирање на Суперлигата.

Трите тешкаши на европскиот фудбал објавија ново соопштение во кое порачаа дека не планираат ги прекинат плановите врзани со Суперлигата.

„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид изразуваат големо задоволство поради Судот во Мадрид кој потврди дека УЕФА не може да започне никаква постапка против клубовите – креатори на Суперлигата, ниту може да ги казнува. Нашата цел е да продлжиме со развојот на проектот Суперлига на конструктивен начин и со допринос на сите структури во фудбалот: навивачите, играчите, тренерите, клубовите, националните федерации и лигите“, се вели во дел од соопштението на трите клуба.

ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ЛИНКОТ ПОДОЛУ:

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.