Барса се откажа од „чудото од дете“

Фудбалерот на Ред Бул Салцубрг, Ерлинг Халанд во моментов е еден од најбараните фудбалери во светот. Тој во Лигата на шампионите сезонава постигна седум голови на четири меча и стана првиот фудбалер на кој му успеало тоа.

Токму поради тоа за него се заинтересирани најголемите клубови во светот како Барселона, Јунајтед, Сити, Ливерпул, Арсенал, Јувентус и многу други, а веќе јасно е дека Салцбург ќе остане без него.

Австријците за својот најдобар фудбалер бараат 100 милиони евра. Шпанскиот првак Барселона според последните информации, се откажал од Норвежанецот затоа што смета дека тој не вреди толку.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .