Барди: Цел свет ќе дознае за Македонија

По доаѓањето во Романија нашите репрезентативци вчера и денес тренираа, а на брифингот зборуваше Енис Барди кој конечно се врати во тимот. Поради позитивен тест на ковид-19, фудбалерот на Леванте не беше во комбинација за пријателските мечеви, но се врати на време за Европското првенство. 

„Се чувствувам добро немам здравствени проблеми. Во моментот кога бев изолиран тренирав сам и ја одржав формата. Подготвен сум за овој момент и физички и психички како и сите други фудбалери. Едвај чекаме да почне првенството и првиот натпревар против Австрија. Секој ги чека овие натпревари комплетно спремен. Нам ни останува само да тренираме и да дадеме максимум.

Тоа што го доживеав на младинското Европското првенство е нешто незаборавно. Сепак, ова се е различно. Ние не дојдовме тука за да бидеме аутсајдери и да се задоволиме само со учество. Макеоднија многу пати докажа колку вреди и колку квалитетни играчи има. Ова првенство ќе ни помогне, цел свет ќе дознае дека тука се игра одличен фудбал. 

Ние го живееме сонот. Треба да одиме од натпревар во натпревар и да веруваме дека можеме да ја минеме групата. Најважно е што сме здрави и јас ви ветувам дека ќе бидам подготвен за секоја минута на турнирот, исто така ќе уживам во секоја секунда помината на теренот“, изјави Барди. 

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .