Барди си доби подарок од Леванте за 100. настап за клубот (ФОТО)

Шпанскиот прволигаш Леванте му врачи подарок на македонскиот репрезентативец Енис Барди за јубилејниот 100. настап за клубот. Фудбалерот од средниот ред изјави дека е пресреќен што игра за Леванте.

„Пресреќен сум што сум дел од Леванте, клубот кој ми ги отвори портите на врвниот европски фудбал. Токму затоа, како и досега, и во иднина подготвен сум секогаш да го дадам максимумот за овој клуб“, кажа Барди.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .