Барди позитивен на корона – вирус!

Стандардниот репрезентативец на Македонија, Енис Барди е позитивен на корона – вирус, соопштија од лекарскиот тим на репрезентацијата. Фудбалерот на Леванте добил позитивен тест и се наоѓа во изолација, а исто така нема симптоми и е во одлична здравствена состојба.

„Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19. Важно е да се напомене дека пред почетокот на собиорот на репрезентацијата беа почитувани и запазени сите протоколи согласно УЕФА здравствените регулативи се со цел да се избегне контакт со останатите фудбалери и членови на репрезентацијата. Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика“, изјави Александар Савески, дел од лекарскиот тим во А македонската репрезентација.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.