Барди го напушта Леванте?!

Како што стојат работите, македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе си замине од редовите на Леванте.

Заминувањето на одличниот играч од средниот ред нема да биде во јануари, туку во јуни кога неговиот договор ќе истече и тој ќе може да ја промени средината без обесштетување.

Леванте во моментов се наоѓа во незавидна ситуација и до крај грчевито ќе се бори за опстанок во Ла Лига, а доколку истиот не се обезбеди, Барди со сигурност ќе си замине од клубот од Валенсија.

Шпанските медиуми веќе го посочија тимот кој сериозно ќе ја разгледа опцијата за негов ангажман.

Станува збор за Реал Сосиедад, стабилен клуб од Ла Лига кој би можел да остане без услугите на Аднан Јанузај и Давид Силва кои остануваат без договори по крајот на сезоната.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.