Баерн тргна по Нагелсман: Тренерот на Лајпциг – прва цел на раководството на клубот од Минхен!

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик освои се што можеше да се освои како тренер на германскиот првак, па после несогласувањето со спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ, одлучи да си замине од Минхен на крајот од сезоната.

Баварците веднаш се пуштија во акција за пронаоѓање на неговата замена, а прва цел е моменталниот тренер на РБ Лајпциг, Џулијан Нагелсман.

Дека од Баерн се сериозни во намерата, доказ е тоа што веќе го контактирале Лајпциг и им порачале дека сакаат да го ангажираат Нагелсман, кој тешко дека ќе го одбие повикот од Минхен.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .