Македонскиот фудбалер Доријан Бабунски денеска официјално го потпиша договорот со унгарскиот прволигаш Дебрецин.
Напаѓачот го напушти бугарскиот тим Ботев Враца и реши да му се приклучи на својот брат Давид, кој исто така настапува за Дебрецин.
Помладиот од браќата Бабунски потпишал 2,5-годишен договор со унгарскиот состав, а се очекува неговиот досегашен клуб да заработи околу 100.000 евра од овој трансфер.
Доријан стана член на Ботев минатата зима и му помогна на својот тим да избори опстанок, за сезонава да импресионира дополнително со своите настапи, постигнувајќи 10 гола на 18 настапи.