Бабиќ: Еурофарм Пелистер е многу посилен од лани, исто и Вардар, но јас секогаш сакам да победувам!

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ верува дека неговиот тим е доста посилен од минатата сезона. Хрватот е задоволен што нема поголеми промени околу ростерот и се надева дека клубот од Битола ќе има успешна сезона.

„Според мене, добро е што поголемиот дел од ростерот остана ист, што немаше премногу промени. Бевме задоволни од голманите, одлично покриени на оваа позиција минатата сезона, но таков е спортот, околностите се сменија и моравме да менуваме. Сепак, јас верувам дека и оваа голманска тројка е многу квалитетна. Уште е рано да зборуваме за начинот на игра, ова е само прв ден од подготовките, но очекувам наскоро да ја имаме првичната слика. Мојот прв впечаток е дека имаме многу добар тим, уште подобар од лани и верувам дека оваа сезона ќе биде многу добра за Еурофарм Пелистер. Јас како тренер секогаш сакам да победувам, некогаш успеваме, некогаш не, но верувам дека сега ќе бидеме уште подобри. Дали тоа ќе биде доволно за трофеј, ќе видиме, бидејќи и Вардар е многу посилен од лани“, изјави Бабиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .