А, која е девојката за која Озил летал до Милано за секс? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Не престануваат скандалите во шпанскиот фудбал после објавените транскрипти од разговорите на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а последен на удар беше Месут Озил.

Поранешниот германски репрезентативец раскинал со тогашната девојка поради Жозе Мурињо кој му кажал дека таа спиела со „половина тим на Милан и Интер“.

А, која е таа девојка? Нејзиното име е Аида Џеспика, која пред неколку години призна дека се запознала со Месут Озил во Мадрид и дека тој само еднаш бил во Милано.

„Се запознавме во Мадрид, разменивме телефонски броеви и еден ден ми се јави и ми кажа дека е во Милано. Излеговме на вечера без криење. Од каде да знам јас дали изнајмил приватен авион за да ме види. Поминавме прекрасна ноќ заедно и повеќе никогаш не се видовме. Меѓутоа, помеѓу нас имаше само флерт. Како и да е, помлад е и доста понизок од мене“, откри Џеспика.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .