Ањели се откажа: Проектот Суперлига неодржлив

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели се откажува од Суперлигата. Првиот човек на се уште актуелниот италијански шампион изјави дека не може да се продолжи со проектот, откако од Суперлигата се откажаа англиските клубови.

„Да бидам комплетно искрен, јасно е дека нема да може да се продолжи со проектот. Останувам уверен во убавината на овој проект, во идејата со која би се развила цела пирамида, во изградба на најдоброто натпреварување на светот. Но, очигледно тоа нема да се случи. Искрено мислам дека овој проект повеќе не е жив“, изјави Ањели.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .