Фудбалерите на Атлетико Мадрид се новите шампиони на Шпанија откако во последното, 38. коло од Ла Лига на гостински терен го совладаа Ваљадолид со 2-1 и така стигнаа до 11. титула во својата историја.
„Јорганџиите“ мораа со пресврт да стигнат до победата. Домаќините најавија шок преку Оскар Плано во 18. минута, но војниците на Чоло Симеоне не дозволија изненадување и преку Кореа и Суарез направија комплетен пресврт за големо славје.