„Атентат“ на кралот: Ѓоковиќ го издоминира „непобедливиот“ Надал!

Новак Ѓоковиќ синоќа го комплетираше најголемиот предизвик во историјата на тенисот – да се совлада „кралот на земјата“ Рафаел Надал на неговиот Ролан Гарос. Светскиот број 1 го совлада Шпанецот во полуфиналето со 3-1 во сетови (3:6, 6:3, 7:6, 6:2).

Достигнувањето за Србинот е уште поголемо ако се знае дека за него ова е втора победа против Надал на паришкиот Гренд слем, кој сега има само три порази на овој турнир. Ѓоковиќ во финалето ќе се судри со Гркот Стефанос Циципас.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .