Атанасов со гол во 95. минута спречи пораз од Израел!

Македонската репрезентација до 21 година се спаси од пораз во последната 95. минута во мечот против Израел на домашен терен и тоа со евроголот на Јани Атанасов од слободен удар.

Гостите прво поведоа во 21. минута преку Елијас, но фудбалерот на Хајдук Сплит, Јани Атансов не дозволи пораз. Одличен меч имаше и голман на скопски Работнички, Јанков кој одбрани пенал, но мора да признаеме дека можеме да интервернира далеку подобро при примениот погодок.

Надежите остануваат на бод предност од денешниот конкурент и се наоѓаат на втората позиција, со мали шанси за настап на Европското првенство.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .