Аталанта „падна“ на „Мапеи“: Јуве го освои трофејот во Копа Италија, но сезоната се уште не е спасена – мора и ЛШ! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус вечерва го одиграа јубилејното 20. финале во Копа на Италија во кое стигнаа до 14. трофеј откако во финалето ја совладаа Аталанта (2-1).

„Божицата од провинцијата“ беше далеку подобра во првиот дел, но Јуве поведе преку Дејан Кулушевски во 31. минута. Сепак, одличната игра во првиот дел донесе резултат, па момците на Гасперини израмнија 10 минути подоцна.

Во второто полувреме, комплентно друга слика. „Старата дама“ доминираше, имаше опасни шанси и статива, а победничкиот погодок беше дело на Киеза кој заедно со Кулушевски направија дар – мар во одбраната на клубот од Бергамо за нова титула на клубот од Торино.

Сезоната за Јувентус не е завршена и им останува уште последното коло од Серија А кое ќе одлучува дали „бјанконерите“ ќе настап следната сезона во Лигата на шампионите.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .