Аспас одби милиони, за да ја спаси Селта!

На големо изненадување на љубителите на фудбалот, Селта Виго сезонава се бори за опстанок, иако минатите сезони беа во врвот на табелата во Ла Лига. Селта пред десет дена ја запиша првата победа по шест натпревари без триумф, и тоа на крилјата на својот прв напаѓач Лаго Аспас кој се врати во тимот по повредата.

Аспас веќе неколку години е најдобар фудбалер на Селта Виго, а медиумите во Шпанија открија дека во зимсиот преоден рок имал можност да го напушти Виго, но одлучил да остане. Шпанецот е вистински пример како се сака клубот затоа што ја одби богатата понуда од Кина, кои му понудиле огромни седум милиони евра годишно.

Сепак, напаѓачот одлучи да остане во клубот во кој се чуствува најубаво и го продолжи договорот до летото 2022 година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .