Артета жестоко му одговори на Рој Кин

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета жестоко му одговори на легендарниот Рој Кин кој го искритикува Обамејанг дека покажал непочитување кон својот тренер затоа што му се обратил со неговото име.

„Тој е менаџер, шеф. Тоа е непочитување. Не можеш да му се обраќаш со неговото име, не ти е пријател“, кажа тогаш Кин.

Не се чекаше долго на одговорот од шпанскиот тренер кој застана во одбрана на своите фудбалери.

„Им давам избор да ме викаат како што сакаат. Со некој од нив ја делев соблекувалната, некои ме викаат по име, некои со шеф или тренер. Не чуствувам непочитување поради тоа“, изјави Артета.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .