Арсенал после 14 години го совлада Јунајтед на „Олд трафорд“! (ВИДЕО)

Арсенал конечно го прекина „проклетството“ на „Олд трафорд“. Клубот од северен Лондон успеа да го победи големиот ривал Манчестер јунајтед на култниот стадион за прв пат после 14 години (0-1).

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Обамејанг кој од пенал го матираше Давид де Геа. Интересно, Јунајтед после шест одиграни натпревари во Премиер лигата се наоѓа на 15. Место со само седум бодови, додека Арсенал е деветти со пет бодови повеќе.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .