Арнаутовиќ: Пандев ми е пријател и е многу добар фудбалер

Најдобриот австирски напаѓач, Марко Арнаутовиќ со суперлативи збореше за капитенот на Македонија, Горан Пандев со кого ја делеше соблекувалната во екипата на Интер.

„Со денови слушаме како Македонија била омаловажувана или потценета, верувајте дека тоа не е случај, знаеме колку е опасен овој ривал. Горан Пандев ми е многу добар пријател. Многу луѓе го отпишуваат поради возраста, но вие не сте свесни колку добар фудбалер е Горан. Ќе мораме да внимаваме на него“, изјави Арнаутовиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.